Фармацевтската комора на Македонија не ја поддржува одлуката на Фондот за здравство од 1 октомври, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош. Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.

„Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролира на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар“, изјави Имер Имери, претседател на Собранието на Фармацевтската комора.

Граѓаните се поделени. За дел, одлуката на Фондот за здравство е непотребна, а за некои пак не претставува пречка.

„Добро е, зошто не со лична карта. Со лична карта ми изгледа логично, рецептот мора да се земе, заедно со рецептот и лична карта“.

Фондот за здравство соопшти дека новата одлука ќе стапи на сила од наредниот месец. Оттаму најавуваат дека официјално утре ќе ги соопштат причините поради кои се решила на овој механизам за контрола на издавањето лекови. Неофицијално, таа е донесена за да се избегне злоупотреба со лековите од пациентите и за непречено снабдување на осигурените лица со лекови. Во август беше донесена одлука во туристичките градови во земјава, да се укинат квотите на лековите за осигурениците да не се соочат со недостиг. Добивањето на лековите без квота се одвиваше со лична карта, а тоа предизвика незадоволство кај пациентите и метеж во аптеките.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...