За луксузирањето со народни пари на дел од  градоначалниците од земјава ќе се бара одговорност. Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу вели дека граѓаните се тие кои ја даваат првичната казна кога излегуваат  на избори, и посочи дека неодговорното работење на дел од градоначалниците може да се одрази и врз резултатот на претседателските избори.

„Апелирам до сите градоначалници да го следат чекорот на Владата, која преку електронската алатка ги објавува трошоците на сите министри, тоа да го прават и тие. Немаме механизми да ги натераме градоначалниците тоа да го прават, бидејќи имаме децентрализирано општество, но им сугерирам во духот на транспарентноста да ги следат овие чекори, кои ќе ги зближат со граѓаните“, рече Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа.

Последен пример кој предизвика револт кај граѓаните е струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој со општински пари го обнови возниот парк – потроши 100 илјади евра, од кои 70.000 за автомобил со кој тој ќе се вози. Додека Мерко се луксузира неговата општина е една од дваесете најзадолжени. Минусот на Струга на средината на 2018 беше 3,5 милиони евра.

Владата скрои Законското решение со кое ќе  им се покрие половина од натрупаните долгови на општините – вкупно 50 милиони евра за преполовување на долгот на локалната самоуправа. Охрид, Тетово, Куманово и Карпош се општините со највисоки долгови.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...