Управата за јавни приходи упорно не кажува како ќе им олесни на пензионерите околу обврската електронски да се пријават за поднесување на годишната даночна пријава. И денеска, директорката на УЈП Сања Лукаревска само најави дека ќе имало некои олеснувања.

Јас ви кажав дека оваа прес конференција е тематска токму за овој денешен нов настан и нов момент во Управата за јавни приходи. Во наредниот период, за многу кратко време ќе излеземе со законското решение кое ќе се однесува за олеснителната околност за пенсионерите кои остваруваат приход само од пензија.“ изјави,  Сања Лукаревска, директорка на УЈП

Но, освен овој проблем на пензионерите, граѓаните и фирмите имаат и проблеми и со електронската комуникација со УЈП. По падот на системот за пријавување на данок за додадена вредност, изминативе неколку дена граѓаните не можеа да се пријават и за годишната даночна пријава.

Прва година е и очекуваме дека ќе има вакви проблеми, но стартот го означивме и ќе одиме до крајот“ изјави, Сања Лукаревска, директорка на УЈП

Лукаревска тврди дека до стартувањето на примената на прогресивното оданочување за 53 дена, тие ќе бидат подготвени за пресметки и следење на приходите над 90.000 денари кои ќе треба да се даночат наместо со 10, со 18 отсот. Сепак, таа и понатаму очекува системите да си паѓаат.

Управата е спремна и мора да биде спремна. Секако, како и досега што се случувало, не е првпат да падне системот и вие сте сведоци дека и претходно, во минатото сме имале такви технички проблеми од ИТ аспект и се надевам дека ќе имаат разбирање обврзниците.“ Рече,  Сања Лукаревска, директорка на УЈП

Инаку, до стартот на прогрсивниот данок, ќе треба да се усвои законот, и да се донесат подзаконските акти и правилници. Лукаревска вели и дека се координирани со регионалните даночни управи за да се спречи исплатите за нашите граѓани да бидат во соседните земји, па потоа тие физички да ги внесуваат парите, со што би го избегнале прогресивното даночење од 18 насто.

Горан Теменугов

Loading...

Shpërndaj me