Универзитетот на Југоисточна Европа денеска одбележа 18 години од основањето. Во рамки на манифестацијата, на 26 студенти им беа доделени дипломи за завршување на докторски студии. Досега во УЈИЕ дипломирале вкупно 13 илјади студенти, а Универзитетот има 25 студиски програми за додипломски студии, 43 програми мастерс, три програми за специјализација и 12 студентски програми за вкупно четири илјади редовни и три илјади вонредни студенти.

„Со вертикална реконструкција на програмите оваа бројка видно ќе се консолидира со фокусирање во нови програми согласно барањата на пазарот на труд. Сметам дека најважно е академско продлабочување во учењето, отколку обемот на програми и профили. Етаблираната култура во перманентни промени вклучува и менаџмент заснован на принципот на комбинација на посебност и важност. Ова го одредува и нашиот курс основан на четири столба: општиот квалитет, интернационализација, посебност во предавање и истражувања и институционален идентитет“-изјави Абдуменаф Беџети, ректор на УЈИЕ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...