Северна Македонија е сè поблиску до полноправно членство во НАТО. Протоколот за членство е ратификуван и во парламентите на Турција и на Чешка. Шефот на турската делегација во Собранието на НАТО, Осман Ашкин, на неговиот профил на Твитер напиша дека Турција ќе продолжи да ја поддржува земјава.

Осман Ашкин, шеф на делегацијата на Турција во Собранието на НАТО:

Големото народно собрание на Турција го заврши процесот на ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес.“

Чешка е 21 земја која го ратификуваше протоколот. Чешкиот вицепремиер Јан Хамчек пред претставниците на Собранието рече дека членството на Северна Македонија ќе ја зајакне стабилноста на регионот.

Јан Хамачек, Вицепремиер на Чешка:

Убедени сме дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целосната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и во целата Алијанса.“

За земјава да стане 30 членка на НАТО протоколот треба да добие зелено светло и во парламентите на преостанатите осум земји-членки САД, Велика Британија, Франција, Холандија, Шпанија, Италија, Луксембург и Исланд.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...