Компаниите од нафтениот бизнис од земјава и оваа недела ќе ги диктираат цените по кои ќе се продава на бензинските пумпи. Очекувањата се дека дизелот и бензините ќе поскапат, бидејќи на светските берзи последниве денови нивните цени драстично се зголемија. Движењето на цените на светските берзи е клучно во одредувањето на новата цена на горивата во време кога во Македонија на сила е либерализиран пазар. Но, од Регулаторната комисија за енергетика очекуваат коректен однос на трговците со нафта, како и пред седум дена кога тие излегоа со реални цени.

Заработката на трговците на нафта сè уште не е утврдена. Регулаторот вели дека маржата која ќе ја добиваат ќе биде реална, а не огромна. Досега, фирмите трговци со нафта добиваа три денари од продаден литар, а сега бараат двојно да им се зголеми ќарот.

Од Регулаторна информираат дека во последни подготовки е новата методологија со која ќе се одредува цената на горивата. Веќе од идниот понеделник комисијата повторно ќе почне да ја одредува цената, но само највисоката, која трговците нема да смее да ја преминуваат. Измените на Законот за енергетика во петокот го поминаа собранискиот филтер, претседателот Пендаровски го потпиша указот, па останува уште објавување во Службен весник.

Инаку, пред десетина дена истече штетниот договор на земјава со ОКТА кој траеше 20 години. Во целиот тој период Македонија плаќаше т.н. профитна маргина од 29 долари за секој тон произведена нафта иако седум години рафинеријата ОКТА не произведуваше, туку само дистрибуираше гориво. Со исклучувањето на оваа ставка постоеше надеж дека цената за граѓаните позначително ќе се намали. Но, тоа нема да се случи бидејќи новиот модел на пресметка ќе ги опфати трошоците на трговците кои досега не се пресметувале.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...