Доколку општина Гази Баба не го прифати барањето на 11-тте родители Албанци сè додедека не заврши изградбата на новото училиште во Идризово, нивните деца 6-тото одделение да го започнат во училиштето „Његош“, тогаш тие ќе започнат штрајк со глад. Родителите се повикуваат на одлуката на Владата во која се вели дека децата треба да го продолжат своето образование во училиштето што го сакаат и врз основа на тоа, родителите нема да прифатат друго привремено решение освен училиштето „Његош“.

Ние, родителите од Идризово, сме веќе уморни. Немаме друг избор. Денес бараме од Собранието, Владата и ОБСЕ, ги замолуваме, нашите деца да учат во училиштето Његош во Јурумлери. Ако не се реализира ова, ќе одиме на штрајк со глад заедно со децата – изјави Ризван Сефери, родител.

Но, ставот на општината и управата е дека нема доволно простор во училишната зграда Његош. Сепак, Алсат дознава дека најголемиот дел од новиот објект е празен во попладневните часови. Побаравме став од Министерството за образование дали ќе побараат од Инспекторатот за образование да изврши увид дали објектот попладне е празен или не, но досега не добивме одговор.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...