Е-учењето е голем предизвик за нашата земја, но воедно и голема шанса ИТ-технологијата понатаму повеќе да се применува во наставата. Основните и средните училишта со интерни модели и  според техничките можности се обидувааат да ја продолжат наставата прекината на 11 март, како прва мерка на Владата да се спречи ширење на заразата од Ковид-19, а од вчера учениците следат и видеолекции на Едуино – првата национална образовна платформата креирана од Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ.

Содржините по наставни предмети засега им се достапни на основците од прво до деветто одделение, а наскоро таа ќе се пополнува  и со лекции за средношколците. Наставниците чекаат упaтства од МОН и Бирото за развој на образованието  (БРО) за начинот на проверка на знаењето и оценување на учениците. За средните училишта е неизвесно и како ќе се полага државната матура.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...