Учениците Албанци од основните училиште не покажуваат интерес за учење македонски јазик, иако од четврто одделение овој предмет е задолжителен. Наставниците велат дека многу фактори влијаат за ова, дури и политиката во последните години. Наставничката Ениса Абдулаи, како една од причините ги наведува и проблемите во наставната програма. Според неа, она што нема никаква смисла е што прво се изучуваат текстовите, а потоа буквите.

Наставните програми и планови се тешки, особено ако се земе предвид дека тие започнуваат во четврто одделение. Претходно македонскиот јазик беше задолжителен од трето одделение и мислам дека таа реформа треба да се врати. Повеќе се фокусираме на другите јазици, отколку на македонскиот. Тие имаат потешкотии, особено во шесто одделение. Илустрации дефинитивно недостасуваат, книгите се многу оскудни, ако не ги преведам јас текстовите, песните, тие веројатно нема да ги разберат – изјави Ениса Абдулаи, наставничка по макдонски јазик.

Додека екипата на Алсат остана во оваа училница, учениците вежбаа читање. Тие рекоа дека честопати се принудени да учат напамет, бидејќи не разбираат ништо што е напишано.

Верувам дека е потешко од другите јазици. Зошто можеби започнува подоцна, на пример, знаеме англиски повеќе од македонски. Во македонските книги има повеќе приказни, текстови отколку цртежи и ова претставува проблем за нас за да разбереме подобро – рече Блерта Тахири, ученик.

На пример, на англиски има слики и покажува за што станува збор, дури и без да се обидеме да ги прочитаме, можеме да ја разбираме идејата од сликите. Но, на македонскиот јазик недостасуваат слики. Има повеќе текстови, поезија и граматика – нагласи Ениса Османи, ученик.

Поради бројните жалби за наставните програми и планови на овој јазик, Бирото за развој на образованието започна активности со наставниците за промена на постојните наставни програми и планови.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...