Кон проблематични ученици во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ кои според некои родители, шетале низ училиштето со ножеви и електро-шокови и на другите ученици им земале пари, им е изречена само казнената мерка „намалување на поведението“, врз основа на член 72 од Законот за основно образование. Директорот на училиштето вели дека ова е најстрога мерка предвидена со законот.

Енис Мемети, директор на О.У „Пенко„

„…Ние не сме ниту полиција, ниту затвор, ние треба да им ја олесниме работата на полицијата и на другите со тоа што нема да создаваме ученици кои во иднина ќе прават проблеми. Верувам дека во иднина нема да има проблеми во нашето училиште.“

Според членот 65 кој се однесува на заштитата на учениците, секој вработен во училиштето е должен да се грижи за интересот на учениците.

Закон за основно образование – член 65

„Се забранува физичко, психичко и сексуално вознемирување на учениците и потценувачко однесување кон нив.“

Поради страв некои ученици не сакале да одат на училиште. А, без оглед што оваа појава се случувала цели две години, ниту Одборот на училиште, ниту директорот не го пријавиле случајот сè додека за него сторија не објави Алсат. Сепак, ова не е конечната разврска на ситуацијата. МВР каде директорот на училиштето случајот го пријави дури на крајот на минатата сезона, сè уште истражува. После ова, градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, би можел да побара евентуална одговорност од челниците на Пенко бидејќи дозволиле цели две години група ученици под закана да ограбувата свои врсници. За евентуална одговорност на директорот, треба да реагира Бордот. Според член 116, став 2 од законот за основно образование, директорот на училиштето може да бидеразрешен и ако

Закон за основно образование – член 116/2

– по негова/нејзина вина биле оштетени учениците, родителите или нивните старатели или училиштето.

Според учениците, двајца проблематични ученици од 9-то одделение, на голем одмор им бараат пари на помалите ученици заплашувајќи ги, а има случаи кога за само еден одмор им собираат по околу 300 денари.

Përgatiti: Evi Shkopi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...