Искинати и испишани учебници, без корици и со страници кои недостасуваат. Вака изгледаат повеќето од учебниците за основно образование и во оваа учебна година. Ученици се жалат дека не можат да ги пишуваат домашните задачи а честопати се принудени да направат фотокопии од учебниците кои им се искинати или им недостигаат.

“Мене книгата ми е многу уништена и не можам да ја читам или учам од неа, премногу е тешко за мене. Оштетена ми е книгата по албански и по македонски јазик“.

 “Уништена ми е е книгата по албански и општество и ми недостига книгата по македонски”.

“Тешко ми е да учам затоа што недостасуваат некои страници .. тие се многу уништени и тешко ми е да ги најдам страниците и мора да препишам од другарите“.

“Мене не ми недостига ниедна книга, но три ми се многу уништени, ми недостасуваат неколку страници и треба да направам фотокопија“.

Освен учениците, и наставниците ја изразуваат нивната загриженост за овој проблем. Велат дека се нови само учебниците по математика и по природни науки, додека другите учебници се скоро преполовени.

Според проектот секои пет години требаше да се менуваат и да стигнуваат нови учебници, но еве не донесоа учебници, така што постојано имаме проблеми. Учебниците се повеќе и повеќе се оштетуваат. Имаат мака учениците бидејќи не можат да се снајдат со наставните единици, имаме поплаки и од родители. Ова предизвикува голем проблем, и за мене како учителка за одржување настава и за учениците што треба да ја следат. Некои, според можностите решиле да купат нови учебници, а тие кои немаат услови ќе прават фотокопии“-изјави Хабибе Бектеши Агуши, учителка.

Според МОН, учебниците треба да се менуваат секои пет години, но овој процес честопати се прекинува заради разни технички проблеми во компаниите кои ги печатат.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...