Утре почнува судењето за случајот „Рекет“. На обвинителна клупа седнуваат Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец. Според обвинението на Вилма Русковска, тројцата побарале 8 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев за да го спасат од прогон за перење пари. Успеале да изнудат 1,5 милиони евра. Јанева и Кичеец утре во СУД ќе дојдат од домашен притвор. Боки 13 по неколку дена во болница денеска е вратен во притвор. Апелација треба да одлучи да ќе има поблаги мерки за него. Претходно Обвинителството даде негативно мислење, ќелијата во Шутка Боки 13, да ја замени со куќен притвор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...