Утре и задутре се денови на национална жалост во целата држава. Одлуката е донесена на вонредната владина седница одржана вечерва.

Премиерот Зоран Заев информираше дека во меѓувреме на повредите им подлегнало уште едно лице, со што бројот на загинати се искачи на 14.

Како што е најавено, одлука за тридневна жалост утре се очекува да донесе општина Гостивар.

Страшната сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17:00 часот кога автобус на компанијата „Дурмо-турс“ излета од патот и се преврте кај месноста Карпалак, додека се движел на релација Скопје-Гостивар.

Loading...

Shpërndaj me