Одреден притвор за Јанакиески и Ристов...
Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поране...
Прочитај повеќе...Есенскиот дел од првенството во ПМФЛ завршува утре со одигрување на 18 коло. Дербито се игра во Тетово меѓу Ренова и актуелниот лидер на табелата, Шкендија. Фудбалерот на Ренова Албан Сулејмани верува дека неговиот тим е поблиску до победа.
„Ова е градско дерби во кое играат можеби најдобрите екипи во македонското првенство. Ќе биде тежок меч, како за нас така и за гостите. Но, јас верувам дека со подготовките што ги имавме викендот, ќе имаме успех, бидејќи ни се потребни трите бода, а исто така играме дома. Се надевам на успех“, рече Албан Сулејмани, фудбалер на Ренова.
Во другото исто така доста интересно дерби ќе играат Академија Пандев и Вардар на стадионот Кукуш во Турново. Во скопското дерби пак, Работнички кој е во одлична форма со три победи во низа, игра против Шкупи кој исто така не знае за пораз на последните четири средби. Фудбалерот на Шкупи, Виктор Ангелов верува дека ќе продолжат со позитивните резултати.
На останатите средби, Силекс во Кратово ја пречекува Беласица со новиот тренер Јане Николовски, а Победа на стадионот во Кичево игра против Македонија Ѓ.П.
Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поране...
Прочитај повеќе...Полиција го приведе поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО -ДПМНЕ, Трајко Вељановск...
Прочитај повеќе...Продолжуваат вработувањата на роднини на функционери од Власта. И натаму омилено место за вдомување е државнат...
Прочитај повеќе...Од почетокот на годината сите камиони со брашно од Македонија се ставени под надзор од косовските царински вла...
Прочитај повеќе...