Правните советници во Владата ќе го достават правниот основ со кој ќе се утврди кои ќе бидат надлежностите на премиерот Зоран Заев во раководењето на Мнистерството за финансии. Ќе кажат и кои ќе бидат надлежностите на заменик министерката Ширет Елези. Заев тврди дека неговата намера е да ги носи само крупните одлуки за функционирањето на државата, додека заменичката е таа која што ќе раководи со ресорот за одлуките кој што тој ќе ги делегира.

„Утре ќе има седница на Владата и правните советници и за правниот тим на Владата го предлагаат решението со кое Владата пренесува право на времено раководење на прмиерот со министерството за финансии до поставување на нов министер за финансии. Тука го завршуваме целиот правно формален процес на пренесени овластувања, земени овластувања, потписи на сметки и се“, рече премиерот Заев.

За две недели, како што кажа Заев ќе се знае кога точно ќе има ребаланс на буџетот, кој што го најави уште пролетта поради лошата реализација на капиталните инвестиции. Допрва ќе почнат да се прават анализи во сите министерства и сектори за да се види каде треба да се додаде, а каде треба да се скратат средства.

„Имаме милијарда и пол денари предвидени за гасификација и ако не проектираме дополнителни средства, до октомври – декември ќе останеме без пари за реализација на гасификацијата“, додава Заев.

Според Заев промени ќе има и кај други фискални импликации поради проектите како што е повратот на ДДВ кој што стартуваше од 1 јули, но и кај изградбата на железницата и патиштата.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...