За три години, компаниите кои што реализирале проекти финансирани со неповратни средства од Фондот за иновации (ФИТР) вратиле околу 40.000 евра на сметката на оваа институција. Од 2015 до 2018 година Фондот на 35 компании им одобрил еден милион евра.

Според директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, околу две третини од фирмите кои ги реализирале инвестициите почнале да остваруваат приходи и затоа на наменската сметка на Фондот се уплатени околу четири отсто од вложените средства. Според анализите, компаниите кои досега биле кофинансирани, за 50 отсто ги зголемиле приходите.

„Компаниите што се финансирани во изминатиот период, зборам од 2015 година па наваму, остваруваат во просек 50 проценти повисок приход од периодот пред да почнат со ваков тип на инвестирање. Добивката им расте со 60 проценти во просек на годишно ниво во однос на периодот пред да вложат во развој на иновации и технолошки развој“, рече Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации.

Директорот вели дека ова не е голема сума, но кажува дека компаниите стануваат успешни. Според новите обврски, фирмите кои што ќе добијат грант од Фондот за иновации ќе треба да вратат 5 отсто од вкупните годишни приходи во првите пет години од почетокот на инвестицијата. Сумата која што ќе ја вратат не треба да надмине 120 отсто од добиениот грант.

Директорот Деспотовски вели дека нема анализа колку пари годишно би се враќале назад во Фондот за иновации, но сепак вели дека овие средства повторно би се вратиле за подршка на нови инветсиции. На вториот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации досега интерес покажале 811 фирми.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me