Произведувачот на електрични автомобили, “Tesla”, денес соопштил дека Робин Денхолм, главна финансиска директорка во австралискиот телекомуникациски оператор “Telstra Corp”, ќе го замени Илон Маск на местото претседател на управата на компанијата.

“Tesla” во последните неколку месеци се соочувала со сериозни проблеми поради твитовите на Маск за тоа дека “обезбедил финансирање” за приватизација и повлекување на компанијата од берза, што подоцна било демантирано.

Американската комисија за хартии од вредност и берза ги тужела Маск и “Tesla” за измама поради овие твитови, по што во септември постигнале договор според кој компанијата и Маск треба да платат парична казна од по 20 милиони долари.

Покрај тоа, на Маск му бил поставен услов да се повлече од функцијата претседател на управата на три години.

Loading...

Shpërndaj me