Пред да се донесе генерален урбанистички план, граѓаните ќе имаат увид во него. Така предвидува новиот предлог закон за урбанистичко планирање. Поголема транспарентност, јавни расправи и анкети со цел граѓаните точно да бидат информирани каков генерален и детален урбанистички план се планира. Иако предлог-законот е во собраниска комисија, власта и опзицијата се усогласија дека тој е квалитен.

„Партиципативни тела во делот на локалните заедници за граѓаните да имаат увид, зголемуваме рокови на јавни анкети, стучни расправи, јавни расправи се цел граѓаните да имаат увид во сè она што ќе значи носење на генерален, но и детален урбанистички план. Очекувам во овие неколку дена Комисијата за транспорт врски и екологија при Собранието да донесе извореден закон“, изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.

„Го работевме Законот како работна група после поднесените амандмани и тука можам одговорно да кажам пред вас и пред цела јавност амандманите кои ги поднесовме како пратеничка група се искучително квалитетни и придонесуваат за подобрување на Законот. Јас сум убедена дека ќе донесеме едно кавлитетно законско решение.“-рече Ане Лашкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

И власта и опозицијата очекуваат овој Предлог закон да биде изгаласан пред распуштање на Собранието.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...