Политичките партии на Албанците во оваа фаза не ја прифаќаат изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на некој начин ја услови постизборната коалиција во случај на победа. Мицкоски вчера изјави дека кога бараат нешто, Албанците треба да се откажат од нешто друго, алудурајќи на некои одредби од Законот за јазици и за размена на одредени позиции во локалната власт со клучни места во централната власт.

За ДУИ, прашањата за позициите зависат од резултатите на изборите, но почитувајќи го уставниот принцип за правична застапеност. Бујар Османи рече дека нема враќање од консензусот за едно од трите клучни места во државата.

„Не мислам дека некој тука дава, а некој добива права. Правата им припаѓаат на граѓаните, врз основа на државјанството и на фактот дека тие се државјани и никој нема помалку или повеќе права, за да може да му даде или земе некому. Користа на овој мандат е практиката на консензуално одлучување со двата избори на овој мандат, Претседателот и Претседателот на Собранието со консензус, за една од трите позиции, мислам дека е големо достигнување од кое нема враќање назад. “

Движењето Беса оценува дека централната и локалната власт не можат да се поврзани една со друга, туку зависат од бројките на изборите.

„На државата и треба поинакво владеење. Не можеме да зборуваме за хипотетички ситуации. Владеењето е прашање на компромис, затоа според бројките во Собрание се гласа Владата, а според бројките на локалните избори, се формираат општинските совети и не може да се поврзе едно со друго.“

За Алијанса за Албанците, пред да даде вакви изјави, Мицкоски мора да го има во предвид принципот на правична етничка застапеност во институциите и правото на употреба на албански јазик.

„Во една демократска земја, гласачот одредува кој треба да ги води државата и институциите. Во демократска држава, правата се загарантирани со меѓународни конвенции и како такви се природни или наследени. Политичката организација во корист на општеството, се прават политички програми, со кои победничките партии добиваат легитимност од мнозинството гласачи. Во мултиетничка држава како Северна Македонија, владината програма може да се гради врз основа на политички консензус, што треба да ја одразува политичката и мултиетничката реалност. “

За Алтернатива важно е политичките договори да се направат транспарентно.

„Секако, за време на разговори за коалиција, партиите кои сакаат да формираат влада мора да направат компромиси, а честопати тие компромиси можат да бидат големи, но секогаш реципрочни. Жално е зошто во македонскиот кампус има убедување дека Албанците само добиваат нешто, а ништо не даваат, а ние мислиме дека е спротивното. Над се, владините програми мора да се градат во доверба и со транспарентност пред граѓаните, за да знаат точно која ќе биде четиригодишната агенда на една влада. “

Мицкоски, меѓу другото, изјави дека кога партиите на Албанците бараат унапредување на албанскиот јазик, треба да ги земат во предвид уставните одредби и меѓународните препораки, како што се препораките на Венецијанската комисија.

Fatlume Dervishi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...