Собранието ќе биде независно од другите институции. За ова едногласно одлучија пратениците од сите политички партии. Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека со усвојување на овие измени, Собранието само ќе управува со финансиите и со својата администрација и нема да зависи од Министерството за финансии и од Министерството за администрација.

„Ова е момент кој еден собраниски состав, иако на крајот на својот мандат, ќе ја заокружува работата со законски акт кој ќе се запечати заложбата на Собранието да се воздигне на позицијата која е предвидена со Уставот на Северна Македонија. Ќе го постигне тоа што секогаш сакала да го постигне, да биде независно од сите власти од организациски и функционален аспект“.

Пратениците од опозицијата од редовите на Албанците, Фадил Зендели и Сурија Рашиди се обидоа преку два амандмани во Законот да се опфатат и административците кои во Собранието биле вработени со средно образование, а кои подоцна дипломирале. Зендели рече дека има административци Албанци кои не биле унапредени повеќе од 10 години.

„Не сакам работите да ги поделам на етничка основа, но најголем дел од тие лица се Албанци. Иако има и други и верувам дека можеме да најдеме решение и за тие лица. Не станува збор за луѓе кои работат тука неколку месеци или една година и нека останат така и одреден период во иднина, туку станува збор за луѓе кои работат една деценија“.

Но, образложението на претседателот на Собранието Џафери беше дека нивното прашање се решава со Предлог закон за систематизација на администрацијата кој е во собраниска постапка. Според СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, ова едногласно усвојување на Законот за Собрание е важен и позитивен чекор од овој собраниски состав.

Предлог законот за Собрание е подготвен во соработка со Собранието, Швајцарската амбасада и Центарот за развој во Скопје НДИ. Неговото спроведување стартува од јануари 2021 година.

Mefail Isamili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...