Ураганот Мајкл, најсилниот што го погоди американското копно во последните 50 години, ја зафати сојузната држава Флорида со разорен ветер со брзина од 250 километри на час. Невремето го погоди северозападниот дел на полустровот каде што поплави улици и предизвика прекин на струјата и интернетот, а се слушнале и експлозии, наведуваат новинските агенции. Претходно, локалните власти упатија повик до над 370 илјади луѓе да се евакуираат, но повеќето го игнорирале апелот.

Loading...

Shpërndaj me