Синдикатот на УПОЗ повеќе нема да чека. Или бенефициите и условите за работа на судските административци ќе бидат еднакви на оние во приватниот или генерален штрајк. Синдикалците се жалат дека колективниот договор им е стар повеќе од 20 години, не добиваат регрес за годишен одмор, дневниците за пат им се укинати одамна, работат под притисоци кои повеќе не сакаат да ги трпат. За зголемувањето на платата од 5 отсто велат дека не е лошо, но можело и повеќе.

„Што ќе следува, се знае. Синдикалната борба предвидува, ако нема договор на маса, протести и штрајкови. Зборот протест и штрајк никогаш не би непознат за синдикатот и синдикатот УПОЗ секогаш организирал протести кога не бил задоволен. Па, имало и рекорден број на денови еднаш 60 дури и 80 дена штрајкување“-изјави Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ.

Министерот задолжен за администрацијата Дамјан Манчевски вели дека работи на тоа да се стави ред во функционирањето на јавниот сектор. Не ветува дека ќе може да ги исполни сите барања на синдикалците, но ветува сериозна внатрешна реорганизација, за граѓаните да добиваат подобри  услуги од државните службеници.

„За да имаме оправданост дека тоа што се договараме ќе се договориме за во колективниот договор, ги оправдаме пред граѓаните, граѓаните треба да бидат задоволни од услугите кои ги добиваат од сервисите од јавниот сектор. И затоа е добро паралелно да разговараме и за колективниот договор и за она што значи подобри и поефикасни услуги за граѓаните“-изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Една од најактуелните теми поврзани со администрацијата е трансферот  на кадар од јавниот во приватниот сектор. Сепак, не е сè уште до крај дефинирано како државата ќе го нуди вишокот административци заедно со пакет финансиски олеснувања за фирмите кои би ги вработиле.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...