Реализацијата на проекти во општините се прави без никаква анализа кој од нив е поприоритетен за граѓаните. Експертите од УНДП проблемите ги лоцираа во немањето капацитет на административците, но и  невклученоста на граѓаните во процесот на одлучување за инфраструктурни проекти. Парите не се проблем, вели претставникот на Програмата за развој на Обединетите Нации, Нарине Сахакиан. Проблем е тоа што нема добро разработени проекти.

„Она што недостига во општините се веродостојни податоци врз основа на кои ќе се носат одлуки за крупни инфраструктурни проекти. Недостигаат капацитети во рамки на општините затоа што има мали општини со неколку вработени кои немаат капацитет на одговорат на предизвикот. Третиот проблем го гледам во невклученоста на граѓаните во процесот на одлучување за инфраструктурните проекти“, рече Нарине Сахакиан, УНДП.

Новиот министер за локална самоуправа Горан Милески потврдува дека актуелните закони и мерки кои ги имаат на располагање општините не дале позитивен резултат во нивното функционирање. Милевски ќе ги објавува на јавна ранг листа општините кои нетранспарентно ги трошат народните пари за да се подигне јавната свест.

„Се случува, бидејќи имаме различни министерства, една општина да добие пари од сите програми, а некоја општина да биде изоставена затоа што ние помеѓу нас немаме координација…“, изјави Горан Милески, Министер за локална самоуправа.

Инаку, централната власт во континуитет се оградува дека нема контрола врз трошењето на парите од општинските каси, иако лани со ребалансот Владата им подари 50 милиони евра за да ги преполоват натрупаните долгови. Лани од владата потенцираа дека тоа ќе биде последен пат, но се чини дека од Илинденска се премислиле.

Најавуваат дека е можно и годинава дел од парите од ребалансот на буџетот кој е најавен за крајот на септември, да заминат како помош за општините.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...