Унгарскиот премиер, Виктор Орбан и германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска, во граничното место Шопрон  одбележуваат 30 години од падот на „Железната завеса“. Ден кога унгарските граничари за првпат по три децении дозволија граѓаните слободно да транзитираат кон Австрија, односно на запад.

Тоа беше клучен момент кој најави значајни промени во тогаш идеолошки поделената Европа. Неколку месеци подоцна падна и Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година.

По завршувањето на Втората светска војна, со договорот од Јалта, источноевропските држави како Југославија, Бугарија, Албанија, Романија, Унгарија и Полска, потпаѓаат под советско влијание, додека пак Грција и Турција под западноевропско-американско влијание. Но, незадоволството на големите сили, како СССР и САД, ескалирало со заострување на односите помеѓу нив и спуштање на тн. железна завеса. Во реалниот свет навистина било така: било речиси навозможно да се влезе на територијата на комунистичките држави (освен во СФРЈ), биле заострени пограничните патроли, дури биле и поставувани ракети и друго тешко оружје и артилерија на границите на државите. Но со распадот на комунизмот во Европа во 90-те години, таа „железна завеса“ повеќе не постои.

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...