Флертот претставува начин на сигнализирање интерес и атракција. Некој вид тивок јазик, говорен како од страна на мажите така и од страна на жените ширум светот.

Начинот на кој луѓето покажуваат интерес е толку длабоко вкоренет во човековата природа што овие сигнали автоматски ги разбираат сите. Опремени сме со ова однесување за да ги задоволиме основните команди кои ни ги испраќа природата, да најдеме партнер и да се размножуваме.

Човечкото флертување е слично и во светот на животните; на сличен начин животните ја покажуваат нивната наклонетост кон партнерот и праќаат сигнали за да ја покажат нивната достапност. Гестовите и движењата кои се користат во флертувањето индицираат за биолошкото и психичко здравје.

Флертувањето не е тривијална дејност, тоа бара многу вештини: интелект, говор на тело, креативност, емпатија. Флертувањето може да биде вистинска уметност, без разлика дали оние кои флертуваат се борат за сродна душа, манипулираат со продавачот, или пак се само игриви.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...