Банката на Америка соопшти дека ќе ја надокнади штетата на најстариот американец во САД чиј идентитет и пари од сметката беа украдени од непознати лица.

Семејството на 112 годишниот Ричард Овертон вели дека од неговата сметка во банка во последните неколку месеци е украдена значителна сума на пари.

Неговата роднина Волма Овертон вели дека семејството било изненадено кога ги повикале од банка за да ја надокнадат штетата. Taa не сакаше да открие за колкава сума станува збор. Портпаролот на банката Колен Хегерт рече дека е отворена истрага за кражбата.

За нега на Ричард Овертон се собрани над 300 илјади долари преку интернет кампањи. Тој е настариот ветеран од Втората светска војна во САД.

Shpërndaj me