Кривичниот суд пред десетина дена му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности. Одбраната на Јанакиески вели дека укинувањето е резултат на тоа што не може паралелно да бидат активни две мерки куќен притвор. Јанакиески останува затворен дома за настаните од 27. април каде е осомничен. Денеска самиот пред Судот објаснуваше кои мерки за кои предмети му се активни.

„За 27. април имам куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот. Тоа по закон значи да не смеам да пуштам маилови и да комуницирам на мобилен со нив“, вели Јанакиески.

Ова значи дека Јанакиески, не смее да комуницира со екс шефот Никола Груевски, како и со сопартијците Спиро Ристовски, Трајко Вељановски. Сите се осомничени од Обвинителството за организиран криминал за за крвавиот четврток, а се однесува на организаторите и е во истражна фаза. Јанакиески денеска во Судот се појави на рочиште за предметот „Титаник“, на Специјалното јавно обвинителство.

Овој предмет е во доказна постапка, а освен него обвинети за  злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства во финансирање на изборна кампања се  и  бегалецот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски, Илија Димовски и други. За овој предмет,  во куќен притвор е само Божиновски. Денешното рочиште се одложи поради отсуство на судијата Огнен Ставрев.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...