Стевчо Јакимовски излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укинал мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост.

„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот.

Судот му одреди мерка куќен притвор на Поранешниот градоначалник на Општина Карпош во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Извор: Фокус

Loading...

Shpërndaj me

Loading...