По одржувањето на натпреварите од четвртиот круг од Лига Европа, УЕФА го објави рангирањето на најдобрите играчи во Европа. УЕФА во својата ранг листа ги земала предвид настапите на фудбалерите во националното првенство каде играат како и настапите во Лига Европа. Најдобриот среден играч од Македонија, е играчот на Фенервахче, Елиф Елмас. Тој има 2.803 бодови, по него е капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми. Средниот играч на плавите има 1443 бодови. Најдобриот напаѓач од Македонија на оваа ранг листа на УЕФА  е Иван Тричковски кој игра во АЕК Ларнака. Бодовите за оваа ранг листа се освоени врз основа на некои параметри вклучувајќи ги острината, распоредувањето на терен, директните дуели, ударите, создадените шанси, постигнатите голови, како и минутите поминати на терен.

 

Loading...

Shpërndaj me