Рано изутринава, околу 02:00 часот после полноќ, автомобил со скопски регистарски таблички, кај селото Сопот удрил во службено полициско возило, по што се одалечило од местото на настанот. Автомобилот бил пронајден набрзо, а во него се затекнати двајца мигранти со потешки телесни повреди.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 12.09.2019 околу 02.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот с.Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало. Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан. Тие биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...