Групацијата на угостители излезе со барања за како што велат спас на дејноста. Барањата до властите се поддржани од повеќе од илјада угостителски објекти низ земјава, во кои работат без малку  30 илјади лица. Велат дека од досега понудените мерки не се задоволни. Доколку Владата нема намера да одговори на овие барања, што поскоро да каже за да може вработените кои ќе бидат одјавени да аплицираат за други мерки за помош. Угостителите од своите залихи на храна понудија да обезбедат оброци за лицата во изолација, за полициските пунктови, и за сите оние на кои ќе им биде потребна храна во овие кризни денови.

„Субвенционирање на минимална бруто плата за вработените, во периодот додека траат превентивните мерки. Oдложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци. Замрзнување и репрограмирање  на обврски по кредити и камати како и други доспеани обврски према банките до завршување на кризата. Да профункционира итно и без одложување отварањето на кредитните линии со субвенционирана камата. Да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните 3-5 месеци“, рече Мартин Ангеловски Групација за угостителство.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...