Граѓаните со новиот данок за моторни возила  нема да можат да си купат автомобил, а ние ќе останеме без работа – вака увозниците на автомобили го започнаа протестот пред Царинската управа. Велат дека со новиот данок ќе се поскапат сите автомобили, и наместо  еколошки, граѓаните ќе  возат стари автомобили. Бараат итно данокот на моторни возила да се укине и да се применува старото законско решение.

„Овде не изнесе незадоволството од големите промени на царинската управа и од законот нов донесен, значи ако сме плаќале за едно увезено возило 400 евра сега е 1 спрема 3 или 1200 евра“, вели Ивица Јакимовски- увозник.

„Ние неможеме да увеземе возила на овие стандарди, имаме купено возила во Италија моментално не можеме да ги донесеме огромна е царината. Сите граѓани на Македонија ова ќе го почувствуваат од денес па натаму“, смета Мирче Митоски – увозник.

“Законот е препишан од Хрватска, Хрватска е во Европска Унија , таму носиш кола на технички преглед и плаќаш само данок, а не царина и данок“, додава еден увозник.

Од Царинската управа ги повикаа на средба која се уште трае. Трговците на автомобили велат дека ќе протестираат се додека не се укине законот. Најавуваат помасовни протести и блокирање на улици. Данокот за моторни возила започна да се применува од први јануари и со него се  воведе и данок на  CO2 односно емисија на јаглерод диоксид кое возилото ја испушта.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...