Итно повлекување на новиот закон за моторни возила и враќање на старото законско решение, инаку во спротивно секојдневно ќе блокираме улици и ќе протестираме. Ваква порака испратија увозниците на вториот мирен протест одржан пред Владата. Според нив Царинската управа нема слух за нивните барања па затоа  писмено ги доставија до Владата. Новиот данок според увозниците неколкукратно ги зголемува давачките, па откако стапи на сила увозот на автомобили е намален 90 проценти тврдат увозниците.

„Ние не можеме да увезуваме  возила на овие цени затоа што искачаат царините колку што го купувате возилото во Италија. Во Италија може да има возило во вредност од 3.000 евра имаат плата 2000 евра а кај нас имате давачки од 3.000 евра и возилото станува 6.000 евра. Сите увозници стопираа веќе не увезуваат ако се земе процент од ланската година може да кажеме за овие 15 дена 90 отсто е намелен увозот“, вели еден увозник на автомобили.

Од Царинската управа велат дека е рано за да можат да се проценат ефектите од Законот. Повлекување на Законот засега не планираат.

„Главната поента на овој закон на оваа уредба е еколошката компонета. Секако ги разгледуваме забелешките се прават анализи сепак треба да бидеме свесни дека нема ни месец дена  откако е донесена уредбата за да се увидат првите резулатаи за да видиме дали може, или не треба да се интервенира“, изјави Ѓоко Танасоски  директор на Царинска управа.

Данокот на моторни возила врз основа на емисијата на јаглерод диоксид започна да се применува од почеток на годинава. Новата уредба за данокот властите ја најавуваа како мерка за борба против загадувањето и менување на стариот возен парк.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...