На тутунската индустрија во земјава и се заканува целосно згаснување. Нема заинтересираност кај помладите да се занимаваат со производство на тутун, се жалат тутунопроизводителите. Старосната граница на луѓето кои ја одгледуваат оваа земјоделска  култура се на возраст од 50 до 80 години.

Тутунарите ја поздравија акцијата што ја спроведоа државните институции за сузбивање на нелегалната продажба на тутун и цигари. Со сузбивање на нелегалната продажба на тутун се штитат околу 20.000 семејства кои егзистираат од производството на тутун.

„Нашите производители се заинтересирани за поголем и поубав квалитет и поголема субвенција. Што значи прва класа е 80 денари, втора и трета се по околу 70 денари, што во просек имаме 1,2 евра субвенции. Тоа го нема никаде во светот и во Европа. Ние имаме највисоки субвенции, ако продолжи тој тренд секако и тутунот ќе расте“, рече Ванчо Коцев, од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...