Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп “ја ослободил Европа од сите илузии” во врска со трговските спорови и повлекувањето од Иранскиот нуклеарен договор.

Туск оцени дека ЕУ мора да биде обединета за да соочи со новиот феномен “непредвидливата самодоверба на американската администрација”.

“Набљудувајќи ги последните одлуки на Трамп, некој дури би можел да помисли дека со вакви пријатели, не ви требаат непријатели. Европа треба да биде благодарна на претседателот Трамп бидејќи благодарение на него се ослободивме од сите илузии”, изјави Туск.

 

 

 

Shpërndaj me