Луѓето од Македонија кои се уште работат за терористички организации и институции како Фето, ПКК, ПЈД и ДЕАШ или оние кои се уште ги поддржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно се вели во последното соопштение од турската амбасада. Во него е посочено дека Турција е разочарана од недостигот на македонска поддршка за турската борба против како што велат терористичките организации.

„Пријателска и братска земја Северна Македонија, за жал до сега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации. Особено по обидот за предавничкиот пуч на 15 јули, институциите и организациите на терористичката организација на ФЕТО (Заман Македонија, училиштата Јахја Кемал, МИБА, Шафак и фодндациите како што е Толеранс) се уште се активни во оваа земја. Турција ќе продолжи да се бори со овие организации се додека не добие резултати, особено ќе застане пред тие што се хранат од Турција, а гаѓаат врз Турција, “ се вели во соопштението на Aмбасадата на Турција во Скопје.

Извор: РСЕ

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...