Турскиот министер за надворешни работи, Мевљуд Чавушоглу, денеска порача дека неговата земја нема да се покорува на ултиматуми од САД, како оној дека ќе ја исклучат од програмата за обука на пилоти за авионите Ф-35, заради договорот со Русија, а во врска со набавката на системот за противракетна одбрана, Ѕ-400.

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенехен, претходно писмено соопшти дека обуката на турските пилоти ќе заврши на 31 јули, додавајќи дека на Турција нема да ѝ биде дозволено да ги земе четирите борбени авиони Ф-35 што ги има купено. Како што наведува Вашингтон, системот Ѕ-400 претставувал закана за авионите Ф-35.

Сепак, Чавушоглу повтори дека договорот за набавка на руските системи е заклучен и оти Турција нема да ја поништи својата одлука.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...