Од позади владината зграда на Илинденска, преку тунели во Калето да се стаса до пластичарската улица. За овој проект денеска е потпишан договор за изработка основен проект и инфраструктурен проект за сообраќајно решение кое со мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале  и кружен тек ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада. Се очекува проектот да биде готов до крајот на годинава, а до 2022 тунелите да бидат целосно готови.

„Оваа реализација на проектот стар 60 години, нацртан е 1964 година и сега ќе се реализира. Јас сум учесник и на проектирање на мостот Гоце Делчев сум вршел и надзор на квалитет на мостот, така да со ова Скопје ќе добие еден градски бисер во сообраќајот. Ќе се намали времето на возење и ќе се намали  загадувањето“, изјави Борис Танески, директор на Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...