Трчањето на есен никако не треба да го сметате за проблем, напротив – тоа е најубавиот период за трчање во годината. Скоро секој ден е идеален за трчање – искористете го. Не ги пропуштајте прекрасните есенски денови, уживајте во сончевите зраци и послушајте ги неколкуте важни совети.

Каде да трчаме наесен?

Со оглед на тоа дека есенските дождови се многу честа појава, земјените патеки многу често стануваат неупотребливи поради калта. Тогаш асфалтот е најдобро решение, но бидете внимателни, бидејќи влажниот асфалт може да биде многу лизгав. Паднататите листови наесен можат да кријат нерамнини и дупки кои можат да предизвикаат повреди. Затоа бидете внимателни како не би се повредиле. Поради намалената видливост и лизгавите патишта бидете внимателни кога трчате низ градските улици.

Како да се облечеме за трчање?

Оние кои сакаат да трчаат не паузираат ни при поладните денови. Стручњаците препорачуваат да се облечете како да е надвор потопло за 11°C од облеката која би ја облекле ако немате физичка активност. На пример, ако надвор е 8°C, вие облечете се како да е 19°C. Притоа, треба да се земе во предвид личното чувство за топлина, на кое влијаат и дождот и ветерот. Имајте во предвид дека секогаш првите неколку минути додека се загреете ќе ви биде ладно во облеката која ја носите.

Ветерот е незгодна појава, особено ако е многу силен, па задолжително носете шушкавец и капа. За поладно време понесете и ракавици. Тренерки или хеланки се одличен избор за тренинг, но немојте долго да стоите на ветер доколку се испотите.

Патики за трчање

Патиките треба да бидат отпорни на вода. Особено внимание обрнете на дождливите денови да не ви се навлажнат нозете додека трчате.

И најважното! Не го заборавајте своето друштво за трчање!

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...