Експертите сметаа дека исходот од средбата Меркел – Заев беше очекуван. Според нив, премиерот Заев доби порака дека до добивањето на официјалниот датум, не треба да се даваат рокови кои би создале лажен впечаток кај граѓаните.

Марко Трошановски смета дека земјите на ЕУ не ги интересираат внатрешните причини на Македонија, но се зависи од геополитичките интереси на Европа. Најавите за избори или за нова Влада, не ги прават помилосливи земјите на Унијата. Трошановски додава дека независно од безусловниот извештај за напредокот, неусвојувањето на Законот за јавно обвинителство може да го загрози датумот за преговори.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...