Вистинската дневна комбинација ќе ви го намали стресот, ќе заштедите на време и ќе ве направи среќни и полни со самодоверба. Веќе сите добро знаеме дека утрата може да бидат најлоши. Нема ништо полошо од ѕвонењето на алармот за веднаш да станете и да почнете да пребарувате што да облечете , а притоа да не задоцните. Дури и да имате среќа да стигнете на време, голема е шансата цел ден да се чувствувате чудно, односно народски кажано „како станати на лева нога“. Среќа, постои начин да го олесните ова со неколку модни правила и навики кои треба да ги практикувате на дневна база.

Петдневен план на комбинации

Поштедете се од планирање на совршени дневни комбинации за секое утро, туку напротив направете го тоа еднаш за цела работна недела. Добро е и да фотографирате ваши пет омилени комбинации за да не ги заборавите. Со тоа ќе заштедите на време, ќе бидете помалку напнати и среќни со почетокот на денот.

Првин изберете ги обувките

Обувските се однова на дневната комбинација, затоа најпрво изберете кој модел на обувки сакате да го носите, а истиот одговара и со временските услови, ова секако важи доколку се движите пеш. Кога купувате обувки во кои сакате да изгледате модерно, урбано, па и деловно, бирајте не само по изглед туку и по комфор. Џабе убави обувки, ако не можете да издржете во нив. Кога веќе сте ги избрале обувките, многу е полесно да ја сложите комбинацијата.

Уште еднаш проверете ја комбинацијата пред да излезете

Поминете уште десет секунди пред огледалото и оценете го својот изглед. Тоа ќе ве убеди дека вашиот избор е вистинскиот, а ова време можете да го користите и за ситни измени. Ако ви се допаѓа она што го носите, самодовербата ќе ве следи во текот на целиот ден. Олеснете си самите на себе!

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...