55 лица во сериозна здравствена состојба како резултат на сезонскиот грип се примени на Инфективната клиника и Детската клиника во Скопје. Пет од нив се со посериозни компликации, додека две од нив се под механичка вентилација.

„Во моментов, на нашата Клиника се примени 38 пациенти, сите со различни компликации поради сезонскиот грип. Синоќа уште 33 пациенти беа прегледани на амбулантската клиника, шест од нив се деца од 6 до 14 години, додека другите 27 се на возраст од 15 до 64 години“, наведуваат од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

17 деца, од кои три во сериозна состојба, се третираат на Детската клиника.

Компликациите поради грипот веќе му го одзедоа животот на едно 14-годишно девојче од Скопје пред два дена. Институтот за јавно здравје извести дека вирусот оваа недела најмногу ги зафатил децата на училишната возраст меѓу 5 и 19 години.

Здравствените власти соопштија дека ако трендот продолжи со истото темпо во текот на следните две недели, може да се разгледа можноста за затворање на училиштата. Во текот на изминатата недела, регистрирани беа 3.614 нови случаи на грип и други заболувања слични на грипот, што претставува зголемување од околу 28% во однос на претходната недела. Вкупно оваа сезона бројот на заразени се искачи над 10.000.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...