Три години затвор за Зоран Милевски – Кичеец, третообвинет во случајот „Рекет“, изрече денеска Основниот суд во Скопје.

Милевски, којшто вчера ја призна вината во случајот, е задолжен да ги плати судските трошоци и има право на жалба, а до правосилност на пресудата останува во куќен притвор.

Милевски се товари за „примање награда за противзаконито влијание“. Првообвинетиот, Бојан Јовановски – Боки 13 и и второобвинетата, Катица Јанева, на вчерашното рочиште рекоа дека не чувствуваат вина.

По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.

Истрагата за случајот „Рекет“ започна откако бизнисменот Јордан Камчев, осомничен од СЈО во случајот „Империја“, пријавил дека Јовановски и Милески му барале рекет – различни суми за различни услуги со кои Јанева требало да ја олесни неговата положба во предметот за кој е осомничен.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...