Манчестер јунајтед синоќа го совлада Тотенхем на домашен терен во натпревар од 15. коло од шампионатот на Англија со 2:1.

Стрелец на двата гола за домаќините беше Маркус Рашфорд, додека за „спарси“ погоди Деле Али.

Ова воедно беше прв пораз за Жозе Мурињо на тренерското место во Тотенхем. Последен клуб на португалскиот стручњак беше токму Јунајтед од каде доби отказ пред една година.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...