Супермаркетите секоја година трошат големи суми пари на стратешки и комерцијален маркетинг, обидувајќи се да смислат како да ги натераат купувачите да купат и она што во моментот не им е приоритет. Користејќи ја општествената и економска психологија, менаџерите откриваат дека влијаат овие комерцијални трикови.

Овошје и зеленчук

Луѓето ги привлекува храната што изгледа свежо и сјајно, па често пати се прска со вода и прехранбени лакови за да изгледа како штотуку да пристигнала од некоја богата градина.

Рафтови

Целата продавница е организирана совршено за да биде поатрактивна за потрошувачите. Секако оние производи што ги бараме се ставени таму некаде, за да треба неколку пати да прошетаме низ рафтовите за да стигнеме до целта. За тоа време окото ќе ни застане и на некој производ што воопшто не сме имале во план да го купиме.

Огромни корпи за купување

Ви се причинило ли некогаш дека корпите постојано ги заменуваат со поголеми? Секако. Од 1938 нивниот волумен е зголемен трипати. Ова наведува дека додека не се покрие дното работата не сме ја завршиле. Затоа, ако не сакате непланирани трошоци, земете ја најмалата корпа. Да собере само она за кое влеговте во продавницата.

Распоредување на производите

Скапите производи секогаш се поставени во висина на вашите очи, а оние наменети за децата, се во висина на нивниот поглед. Најевтините пак, секогаш стојат на дното, бидејќи таму најмалку се погледнува.

Долги редици на касите

И ова е добар менаџмент. Колку редовите се подолги, тоа се поголеми шансите дека ќе купите нешто што не сте планирале, а се наоѓа во близина на касата. Посебно ако со вас имате и деца.

Кога цената завршува на – 99

Истражувањата покажале дека потсвеста на луѓето испраќа прв впечаток на пониска цена кога износот е една стотка помалку и ако не ја пишува валутата.

Млечните производи секогаш се во задниот дел

Млекото и млечните производи се меѓу најбараните производи, токму затоа се поставени најдалеку. Продавачите сфатиле дека ако дојдете веднаш до нив, продавницата ќе ја напуштите за мошне кратко време. На овој начин вие ќе поминете повеќе рафтов и секако, ќе земете и по нешто што не сте планирале.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...