Министерството за локална самоуправа додели триесет милиони денари за развој на општините во скопскиот регион. Оваа година за првпат има повеќе проекти, но не и доволно пари за нивна реализација. Доделените средства ќе бидат наменети за реконструкција на улици и проектни документации за водоснабдувањето во општина Арачиново.

„Средствата од околу 30 милиони денари ни најмалку не се доволни за задоволување на потребите на сите 17 општини и Град Скопје, но имаме тенденција да побараме и други доплнителни извори за финансирање со цел регионален рамномерен развој“, рече Борис Георгиевски- претседател на Советот за развој на скопски плански регион.

„Скопскиот плански регион нема извори на финансирање, како и сите други плански региони, па така зависи од поддршката на Министерството и на општините кои се дел од овој регион. Секоја година Министерството одделува средства, така и оваа година“, изјави Горан Милевски-министер за локална самоуправа.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...