Пратениците денеска трет ден ќе дебатираат за Дополнетиот предлог на ребаланс на Буџетот за 2019 година.

Во него, вкупните приходи се проектирани на 210,5 милијарди денари, а вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување на приходната и расходната страна за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто. Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 отсто, а ревидирана е проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Вчерашниот втор ден од дебатата помина во низа реплики и контрареплики меѓу пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата.

За СДСМ, ребалансот на Буџетот е развоен и повеќе пари ќе се слеат кон граѓаните и кон бизнисот со што ќе се поттикне и раст на економијата. Според нив, сите показатели на меѓународните институции покажуваат дека државата добро напредува.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека релабансот на Буџетот нема развојна компонента, а не се реализирани и капиталните инвестиции. Забелешки имаа на јавниот долг кој според нив се зголемува, а критики упатија и затоа што се кратат средства во образованието, културата, инфраструктурата и животната средина.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...