Регистрирана е третата жртва од коронавирусот во земјава. Жената од село Баланци, Центар Жупа, почина денеска попладне. 66 годишната пациентка беше првата заразена жена од тој крај која заедно со нејзиниот сега исто така болен сопруг беа вратени од Италија.

Инаку, во последните 24 часа се регистрирани нови 29 случаи од кои, 20 во Скопје, 3 во Куманово, 3 во Велес, 2 во Прилеп и 1 во Дебар, со што вкупниот број на заболени во земјава сега изнесува 177. Меѓу новозаразените, пет лица имале контакт со екс-директорката на Клиниката за кожни болести која по враќањето од Италија една недела одела на работа, наместо да остане дома. Другите нејзини колеги ќе се тестираат во групи во наредните 5 дена.

Заболени по градови:

Скопје 108, Дебар 41, Куманово 11, Штип 7, Велес 3, Кавадарци 2, Охрид 2, Прилеп 2, Гостивар 1

Денеска почна да се применува и комбинираната терапија која се покажа како успешен лек против болеста. Комбинацијата на лекарствата хидрохлорицин и азитромицин, познат како Сумамед, Филипче рече дека се дава по добиена согласност од пациентите.

Според министерот Филипче, денеска на сите хоспитализирани пациенти им бил направен ЕКГ и до утре ќе се знае кои од нив ќе може да ја издржат антибиотичката терапија Сумамед комбиниран со лекот против маларија. Во меѓувреме, заразените кои се во домашна изолација, по ЕКГ кои ќе им се прави во амбулантно возило, министерството подготвува план за транспорт на дневна терапија која ќе им се дава во присуство на лекар.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...