Бебе на возраст од 13 месеци почина синоќа на клиниката за детски болести во Скопје. Како што наведуваат од министерството за здравство, причина за смртта биле компликации на здравствената состојба како последица на морбили. Бебето било од тетовскиот регион, а сè уште немало примено вакцина против болеста.

Според календарот за имунизација, објавен на интернет страната на Министерството за здравство, вакцината против морбили се прима со наполнети 12 месеци.

Loading...

Shpërndaj me