„Новата етикета што ќе ја носат македонските производи насекаде во светот им дава единствен идендитет на производите произведени на македонско земјиште.“

Вака грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја презентираше пред јавноста новата трговска марка „Macedonia the GReat“, која ќе биде ознака за грчките производи од грчката област Македонија. Иако премирот Зоран Заев вчера се сретна со грчкиот премиер Мицотакис, за новата трговска марка остана затечен, велејќи дека не ја видел и дека не може да коментира.

„Не сум имал прилика уште да го видам, ќе дадам коментар откако ќе го видам“, рече Заев.

За тоа каков е денеска ставот на Владата за новата трговска марка, од „Илинденска“ сега засега молчат. Инаку, според Преспанскиот договор, идејно решение за трговските марки треба да најде Мешовитата грчко – македонска комисија. Досега оваа Комисија се има сретнато само еднаш. Ѓорѓи Филипов член на оваа комисија писмено одговори дека ваква трговска марка уште нема регистрирано, а членовите на Комисијата не се овластени да даваат било какви коментари.

„Во врска со слоганот „Macedonia is GReat”, не сум овластен јас, ниту кој било друг член од грчка или македонска страна, ниту пак некој од  претставник од меѓународните организации да даваме коментари во име на Меѓународната група на експерти. Доколку биде пријавен како трговска марка, за тоа ќе се изјасни соодветниот завод пред кого ќе се бара признавање“, вели Ѓорѓи Филипов, член на мешовитата комисија.

Покрај експертската комисија, во процесот утврдување на трговските марки се вкучени и стопанските комори, но тие досега се немаат ниту еднаш сретнато. Решението за трговските марки комисиите ќе треба да го донесат во рок од три години, односно најдоцна следната година.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...